Specially equipped diving teams have retrieved 5.5 tons of bombs and other explosive materials from the bottom of Macedonia’s Ohrid Lake. The explosives have been in the lake since the First and the Second World War.
Датум: 14.04.2011, 23:20
Од Охридско Езеро изнуркаа 5,5 тони експлозивПиротехничарите и професионалните нуркачи што ја спроведуваат акцијата велат дека, за разлика од првата фаза на акцијата, која беше спроведена лани, сегашното вадење на мините, рачните бомби и на минофрлачките гранати заостанати од минатите војни било многу посложено
Околу 5,5 тони разновиден експлозивен материјал е изваден од дното на Охридското Езеро во втората фаза од акцијата за чистење од неексплодирани убојни средства, што деновиве ја спроведува Дирекцијата за заштита и спасување. Пиротехничарите и професионалните нуркачи што ја спроведуваат акцијата велат дека, за разлика од првата фаза на акцијата, која беше спроведена во минатата година, сегашното вадење на мините, рачните бомби и на минофрлачките гранати било многу посложено.
- Лани ние правевме визуелен преглед на сето она што беше видливо, значи, ги вадевме сите неексплодирани убојни средства што беа на дното и беа видливи. Но во оваа акција детектираме и вадиме убојни средства кои не лежат на дното, туку се закопани под песокот. Користиме специјални детектори кои детектираат метал и на еден метар под дното и специјална мамут-пумпа, која со помош на притисокот ги ископува убојните средства од дното - објаснува Љупчо Зајкоски, советник за неексплодирани убојни средства при Дирекцијата за заштита и спасување.
Тој нагласува дека голем дел од извадените експлозиви биле закопани на дното во езерото, на само неколку метри од брегот.
.......................
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C6ED9B8F4ED2FE41B216B407BCBE0285
Keine Kommentare:
Kommentar veröffentlichen